(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЈКП Комуналец започна со пролетно чистење на дивите депонии во околината на град Прилеп, СЕ ЧИСТАТ ГОМНАТА И СМЕТОВИТЕ

0
1473

Акцијата за чистење на дивите депонии, која во континуитет ќе се одвива  околу  еден месец, ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп и Локаланата самоуправа, ја посветуваат на вчерашниот ден, Светскиот ден на планетата Земја. Во светот, а и кај нас, се организираат бројни оперативни и едукативни настани, преку кој се упатуваат пораки за заштита на животната средина.

Чистењето на дивите депонии започна  од најризичната дива депонија кај надвозникот на излезот за Битола минатата недела. Иако комплетно исчистена, несовесните граѓани и  градежните фирми и понатаму си погруваат со природата. Купишта земја, градежен шут, разноразен комунален отпад, огромни бетонски  блокови и столбови се исфрлаат на оваа локација .

По чистењето на дивата  депонија кај надвозникот, на која се натрупани над 350м3 инертен отпад  и комунален отпад, ќе се продолжи со чистење на дивите депонии над касарната Мирче Ацев, Заполшки мост, патот спрема Оревоец, над населбата Кузман, патот за Маркова чешма и Ленишки мост,од левата страна на патот спрема езеро, и во населбата Тризла на повеќе локации.

Техничката оператива на ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп , врши лоцирање на дивите депонии и проценка на исфрлен отпад од различни категории отпад на годишно ниво. Поголемиот дел од исфрлените количини редовно се чистат. Но, и покрај заложбите на ЈКП,, Комуналец”,  да овозможи чист и уреден град , несовесните граѓани и градежните фрими, никако да ја испочитуваат животната средина, во која и самите живеат.

Од Комуналец, упатуваат апел до сите жители на општинава  да се обраќаат до комуналното претпријатие, од каде  ќе им укажат на каков начин инертниот  отпад да го  одложат на  депонијата Алинци.

Покрај овозможениот влез на депонијата Алинци и со сопствено  возило да се одложи градежниот шут , на располагање на граѓаните и градежните фирми им се контејнери од 5м3, кои по нарачката се доставуват во рок од 1 час.

Во 2017 година  само  на депнонијата  Алинци се одложени 3.228 тони градежен шут и 323 тони  неупотреблива земја, од вкупниот отпад однесен на депонијата или  26.500 тони комунален отпад одложен на депонија.

Табеларен приказ на поголеми лоцирани диви депонии

         ‒ Околу касарна “Мирче Ацев“ од кај улицата Ердован Шабаноски = 300 м3
                 ‒ Надвозник “Салида“ = 350 м3
                 ‒ Заполшки мост = 40 м3
                 ‒ Пат спрема Ореовец = 100 м3
                 ‒ Населба “Кузман“ = 30 м3
                 ‒ Патот за “Маркова чешма“ и “Ленишки мост“ = 200 м3
                 ‒ Патот спрема вештачко езеро, лево = 400 м3
                 ‒ Нови гробишта, обиколен пат за манастир Трескавец = 450 м3
                 ‒ Населба Тризла, недефинирано на повеќе локации