(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Терор во Ница: Камион влетал во шеталиште, 60 загинати

0
1865

Полицијата во Ница потврдила дека 60 лица загинале во терористичкиот напад кога камион влетал во преполното шеталиште.

Пред тоа беше проценето дека неколку десетици лица загинаа, а стотина се ранети во францускиот град Ница, кога камион влетал во толпата собрана на пешачката патека за да го гледаат огнометот во чест на Денот на Бастиља, јавуваат светските медиуми.

Новинари кои биле на местото на настанот велат дека се гледаат тела што лежат во крв, додека во градот завладеала голема паника.

Се претпоставува дека истрелите што се слушнале по инцидентот се од размена на оган помеѓу полицијата која веднаш дошла на местото на настанот и шоферот на камионот,  за кој подоцна е јавено дека е убиен.

Веднаш по настанот, полицијата ги предупредила граѓаните и туристите да останат во своите домови поради опасност од терористички напад.

 

Фотографии од Твитер

Nica napad kamion Nica napad mrtvi Nica napad policija Nica napad, CNN Nica, napad, beganje

Извор : Плусинфо