(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СТАРИТЕ ОХРИДСКИ КУЌИ ГО ОЖИВУВААТ ДУХОТ НА ТРАДИЦИЈАТА

0
3748

Градската архитектура во Охрид зазема посебно место во во културното наследство на градот и на Република Северна Македонија.  Старите охридски куќи се надалеку познати и впишани во светската архитектура, а за нив се интересирале голем број архитекти кои ги анализирале и архивирале во стручната литература.

Повеќето од нив низ годините ја добија грижата од надлежните. Со нивната обнова е сочувана автентичната архитектура но и сјајот на градбата  кои ја отсликуваат вековна историја и традиција за да  сведочат за различните влијанија и стилови во архитектурата на времето во кое се создавани.

Денес прошетката низ Стариот дел на Охрид ви дава чувство дека чекорите низ вековите опкружени со старата охридска народна архитектура. Овде е сочуван типичниот изглед на ориенталната градска куќа од 18 и 19 век.

Впечатливи куќи и тесни улички

Ѕидани под влијание на ориенталната и византиската градежна традиција, старите охридски со впечатлив стил и бели фасади низ тесните улички, оставаат впечаток на несекојдневна убавина кај бројните туристи. Ретко кој може да одолее да не направи бројни фотографии но и да слушне збор повеќе за значењето и времето на градбата.

-Карактеристика за Охрид се и таканаречените улици-темници, тунели покриени со горните катови од куќите, кои се проширувале со растот нагоре, појаснува архитектот  Горан Патчев.

Податоци за градбата на охридската куќа

По населувањето на Турците на територијата на Охрид, тие ги заземаат рамничарските делови покрај езерото, па македонското население е приморано да гради на ридестиот дел. Соочени со теренските неприлики, во Охрид почнува да се развива еден од најреволуционерните типови на народна архитектура во Македонија.

-Куќите на стариот Охридски град се уметнички распоредени околу падините на ридот. За време на Отоманското владеење, Христијанските живеалишта беа ограничени во рамките на ѕидините на градот, а потребата да се искористи просторот најдобро во дадените околности, инспирираа мноштво креативни архитектонски облици, раскажува архитектот Горан Патчев.

Како што појаснува тој, староградската архитектурата на Охрид, игра посебна улога во културното наследство на градот.

-Со постојана грижа за нејзино очувување имаме неколку претставници на специфичен вид на ориентални куќи изградени во XVIII, XIX век и на почетокот на ХХ век. Народните градители „неимари“ ги граделе овие куќи под влијание на Отоманската и Византиската градителска традиција. Заради оваа причина, не е чудно што големиот Француски архитект, La Corbusier, во неговата книга „Колекција на дела“ му обрнува посебно внимание на градските македонски куќи, фасади, на балкони и ентериери, кога пишува за архитектурата на градовите на Балканот, вели Патчев.

Надворешни карактеристики на градските куќи во Охрид

Христијанските охридски куќи се ориентирани југоисточно, насочени кон езерото и планините. Сите тие се одликуваат со квалитетна инсолација, а бидејќи се на ридест терен, не им недостига убав поглед кон езерото.

Според  големиот словенечки архитект Душан Грабријан (1899 – 1952, Турците им доделиле на христијаните во Охрид многу мал простор крај езерото и ридот наменето за градба. Затоа поради безбедност охриѓани сакале да видат собрани заедно на едно место. Така е создадена и потребата за стеснување и градење куќи на ридот, а како последица на тоа се вѕиданите, длабоки и високи куќи. За разлика од велешката ниска или павилјонската куќа, која се расчленува во надворешниот простор – така се развила охридската вѕидана градба, која се развива кон внатре. Најчесто избира само една широчина во просторот помеѓу два попречни ѕида, кои покриени го образуваат таканаречениот хангар.

Приземјето им е најтесно, а горните нивоа и катови се шират, односно секој нареден е поширок од претходниот, па се добива впечаток како стреите да им се споени. Горните делови се градени од дрво и со многу прозорци, а приземниот дел е од камен.

Вреден за спомнување е и фактот што и големиот француски архитект Ла Корбизје во своите „Собрани дела”, во делот на градската архитектура на Балканот и македонската градска куќа, посветува особено внимание на нејзините фасади, чардаци и внатрешни изгледи.

Ентериерниот распоред осмислуван според потребите на луѓето

Куќите се оригинални и немаат одредена типизација, но нивната просторна организација е заедничка за сите. Во приземниот дел биле складирани дрвата за огрев, виното, ракијата, зимницата… Првиот кат бил резервиран за престојување на семејството. Во тие простории се подготвувала  храната и се одмарало семејството, а јадењето и спиењето биле привремени функции за кои се внесувале и изнесувале потребните елементи.

Најгорните одаи се репрезентативни и богато украсени. Тие се најшироки и пружаат прекрасен поглед кон езерото. Во нив се вршел прием на гости, се одржувале слави, крштевки и други големи семејни настани. Некои од куќите имале и посебна просторија која го пружала најубавиот и најширок видик – белведере.

Во Охрид е е сочуван типичниот изглед на ориенталната градска куќа од 18 и 19 век. Во стариот дел на Охрид крај брегот на езерото, охридските куќи со својот впечатлив стил создаваат чудесна и несекојдневна убавина. Нивните најчесто бели фасади доминираат во стрмите и тесни улички. Приземјето им е најтесно, а горните нивоа и катови се шират, односно секој нареден е поширок од претходниот, па се добива впечаток како стреите да им се споени. Горните делови се градени од дрво и со многу прозорци, а приземниот дел е од камен. Дворовите им се исполнети со разнобојно цвеќе и зеленило, а горните чардаци имаат прекрасен поглед на југ кон езерото.

Рибарските куќи –со два влеза

Непосредно врзани со богатствата од езерото, рибарите имале посебни типови на куќи.

За нив е карактеристично што се  влегувало од два влеза, и од улицата, но и од страната на езерото, каде ја одлагале рибарската опрема и рибарските чамци и ги подготвувале рибите за продажба.

Градската архитектура под заштита на државата 

Повеќето од објектите во стариот дел на Охрид низ годините ја добија грижата од надлежните. Со нивната обнова е сочувана автентичната архитектура но и сјајот на градбата  кои ја отсликуваат вековна историја и традиција за да  сведочат за различните влијанија и стилови во архитектурата на времето во кое се создавани.

Куќата на Робевци е ремек дело на старата градска архитектура, не само во охрид, туку и во целата држава. која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.

Куќата на Уранија во Охрид е изградена во втората половина на XIX век. Куќата на Уранија претставува изразит пример на асиметрично архитектонско решение со складни форми и е еден од ретките објекти од охридската староградска архитектура сочуван во својата изворна форма. Куќата им припаѓала на охридската фамилија Филеви, а последен жител на куќата била една старица по име Уранија, во чија чест објектот го носи името. Денес, сопственик на куќата е Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Архитектите апелираат на посериозен пристап во градењето на објектите во стариот дел на Охрид и строго да се почитува Законот за старото градско јадро во Охрид.

Проектот „Охрид во духот на етно- традицијата“ е поддржан од Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој. Целта е  создавање  уникатна слика на градот кој насекаде во светот е познат по неговото културно историско богатство но и поттик за зголемена конкурентност на регионално, национално и меѓународно ниво. Целта исто така е преку пласирање на информации да се придонесе кон промовирање на дестинацијата и креирање имиџ на туристичкиот пазар.