(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СКОПЈЕ ЌЕ ЛИЧИ НА СВЕТСКА МЕТРОПОЛА: ШИЛЕГОВ ГИ ПОКАЖА ТУНЕЛИТЕ СО 6 ЛЕНТИ ПОД РАМСТОР

0
4716

Скопје до 2024 ќе биде град без сообраќаен метеж и со најголема пешачка зона во Европа во центарот на градот. Денес за прв пат влеговме во тунелите под Лимак кои напредуваат со одлично темпо и го презентирав целосното решение за сообраќајот во Скопје со кое нашиот град станува вистинска европска метропола.
Целиот мастерплан се содржи од три целини:

✔️Првата е токму оваа која денес ја презентирав. Коридор кој се прави со изградбата на тунелите под Лимак, овозможува граѓаните кои патуваат од Карпош и Ѓорче Петров да стигнат до Кисела вода или Аеродром, без поминување преку строгиот центар на градот. Со ова практично отвораме нова артерија која ќе го растерети центарот. Целото решение за овој дел вклучува изградба на голем кружен тек на раскрсницата кај Нова Македонија.

✔️Втората целина од планот е отворање на другата артерија од другата страна на градот со изградба на мостот на булевар „АСНОМ“ кое е во завршна фаза. Со ова решение, граѓаните на Аеродром и сите кои доаѓаат од таму, ќе можат директно и без поминување во строгиот центар да патуваат до Карпош. На овој начин уште повеќе го ослободуваме од притисок на возила централното градско подрачје.
Со овие два зафати создаваме услови централно подрачје да го претвориме во најголемата пешачка зона во Европа каде ќе има само сервисни возила и секако БРТ, модерен и брз јавен транспорт.

✔️Дополнително, за планот да биде целосен, има уште две големи сообраќајни решенија од кои првото интензивно се работи, а тоа е клучката кај Момин поток. Со неа го решаваме сообраќајниот метеж во тој дел од градот и овозможуваме брз транспорт кон Косово. И второ, решение за кое веќе имаме започнато постапка, пробивање на булеварот Словенија до Волково.
Сите овие проекти ќе бидат готови до 2024 година и со тоа го решаваме сообраќајот во градот за следните 50 години! Вака се работи стратешки и плански. Она што ние ќе го направиме во овие осум години ќе им служи на многу идни генерации. Со ваквите храбри решенија, Скопје станува европска метропола, со решени сообраќајни проблеми, со помалку загадување и метеж, со многу јавен простор во центарот слободен за пешаци.

Ова се реални проекти кое сега се случуваат, кои се градат и кои мора да продолжат за веќе 2024 да живееме во модерен, европски град. Сега не смееме да запреме на половина пат, туку да го завршиме она што храбро го почнавме. #НАЈДОБРОТО #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #ЧекорПоЧекор