(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ РИСТЕ РИСТЕСКИ РИЧКО ОД ПРИЛЕП СО ОСВОЕНИ БРОЈНИ НАГРАДИ НА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

0
1558

Од 14 – 21 декември во средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко“ се одржа “Промотивна недела на Ричко“ по повод патрониот празник на училиштето кој е на 21 декември. На оваа Промотивна недела учество зедоа средните училишта: СОУ “Орде Чопела“, СОУ “Ѓорче Петров“ и СОУ “Кузман Јосифоски – Питу“, и невладините организации: Инфо Фронт и Младински совет Прилеп.

Овој настан беше организиран од Младинската Организација на Ристе Ристески – Ричко, под раководство на Илија Биноски и Игор Моцаноски.

Се одржаа следните активности:

  • Натпревар во најдобра фотографија – 14 – 19ти декември.

1во место освои: Андреј Златаноски од СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

2ро место освои: Мери Трајкоска од СОУ “Орде Чопела“

3то место освои: Емилија Димоска од СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

  • Натпревар во Шах – 17ти декември:

1во место овои тимот на: СОУ “Ѓорче Петров“

2ро место овови тимот на: СОУ“Ристе Ристески – Ричко“

3то место освои тимот на: Младински Совет Прилеп

  • Натпревар во Историја – 18ти декември:

1во место овови: Валентин Димитриоски од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу“

2ро место освои: Бошко Бошев од СОУ “Ѓорче Петров“

3то место освои: Филип Јошески од СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

  • Натпревар во Дебата – 20ти декември:

1во место: СОУ “Орде Чопела“

На огромно задоволство,на сите натпревари зедоа учество голем број учесници,кои покажаа солидни знаења.

Исто така беше на 20ти декември беше одржана и работилница на тема: “Говор на омраза“.

  • Самото училиште по повод патрониот празник организира повеќе активности, односно:
  • На 20ти декември организира:
  • Литературно читање во 12 часот.
  • Спортски натпревар во ракомет и кошарка во 16 часот.
  • Натпревар во шах помеѓу професори во 19:30 часот.

На самиот ден ќе се положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, потоа и на споменикот на Ристе Ристески – Ричко на Могилата на непобедените.

Во 12 часот ќе има свечено прославување на патрониот празник во Народниот театар “Војдан Чернодрински“, каде учениците имаат припремето повеќе активности.