(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Најмладите во Охрид преку етно-работилница се запознаваат со богатото културно наследство

0
1680

Во рамките на проектот „Охрид во духот на традицијата“ што го реализира Здружението на граѓани „Нова Порта“ од Охрид, денеска се одржа етно-работилница во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.

Најмладите кои престојуваат во оваа детска градинка изработуваа предмети со етно-материјали., а ја цртаа и традиционалната охридска куќа  преку која се запознаа со старата градска архитектура во Охрид.

Целта на работилницата беше децата како идни продолжувачи на традицијата да се запознаат со богатото охридско културно наследство преку етнолошките и етнографските елементи и да научат како се негуваат традиционалните вредности.

-Традицијата, занаетот и коренот треба да се негуваат бидејќи тоа е најголемото богатство на една држава и на една нација. Поддржувајќи ги традиционалните вредности, во духот на фолклорот, старите обичаи и приказните што се пренесуваат од генерација на генерација, со овој проект се креира концепт на настани со кои ќе се издигнат  и потенцираат заложбите за чување и негување на културното богатство и традицијата, а со тоа и  поголема промоција  но и одржување на степенот на знаење на младите, велат од Нова порта.

Проектот „Охрид во духот на етно-традицијата“  е поддржан од Општина Охрид преку секторот за туризам и локален економски развој. Активностите содржани во овој проект имаат цел создавање  уникатна слика на градот кој насекаде во светот е познат по неговото културно историско богатство, но и поттик за зголемена конкурентност на регионално, национално и меѓународно ниво. Целта, исто така е преку пласирање на информации да се придонесе кон промовирање на дестинацијата и креирање имиџ на туристичкиот пазар.