(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Населеното место Виниче во Гази Баба за прв пат добива современа патна инфраструктура

0
1104

Населеното место Виниче за прв пат добива современа патна инфраструктура. Денеска отпочнавме со изградба и рехабилитација на локалниот пат во Виниче до манастирот Св. Илија во должина од 2 км. Проектот чини 10,9 милиони денари, средства на Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој.

Општина Гази Баба како никогаш досега има сериозна поддршка од Владата, која е верен партнер во решавањето на суштинските проблеми на граѓаните, овозможувајќи подобри услови за живот.

Заедно со Владата покрај овој пат, на Скопска Црна Гора се работи и на изградбата за локалниот пат од основното училиште Наум Охридски до викенд населбата во Булачани во должина од 1100 метри, а наскоро започнува и реконструирањето и проширувањето на регионалниот пат од Бутел до Раштак во должина од 5 км.