(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Зоран Заев со сопругата Зорица беа на литургија во манастирот Водоча

0
1148

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, присуствуваа  на божествената литургија во црквата Св. Леонтиј, во манастирот во Водоча, Струмица.

,,На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто нѐ исполнува во овие свечени денови.

Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро.

Христос се роди!“-порача Заев.