(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЕВ СИ ИГРА МАЈТАП СО ГРУЈО ОД ЛАЖАНИ : ДРЖАВЕН УДАР Е АКО МУ УДРАМ ШАМАР НА ГРУЈО!

0
1676

Претседателот на СДСМ и лидер на опозицискиот блок Зоран Заев во денешната посета во с.Лажани во општина Долнени оствари средба со граѓаните на оваа општина која е една од многуте населени места во Пелагонија и прилепскиот регион од мултиетнички карактер. Граѓаните од ова населено место се пожалија на иселувањето од с.Лажани како и на се потешката и неиздржлива економска состојба.

zaev2

Лидерот на СДСМ Зоран Заев исто така го образложи ставот на СДСМ околу гласањето на дијаспората кој што во Лажани изјави дека неприфатлив е предлогот на Груевски дијаспората да избира 20 пратеници. Нашите иселеници мора и треба да гласаат, вели Заев, но гласот на сите оние што живеат надвор од Македедонија, ќе биде еднаков со гласот на оние што живеат дома, изјави Заев пред граѓаните во с.Лажани прилепско.

zaev3

Државен удар не е вршењето на политички притисок од опозицијата кон власта, туку доколку му удрам шамар на Груевски, или ќе биде тоа прекршочна како што вели Груевски во прислушкуваните разговори порачувајќи шамари за градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, рече Зоран Заев пред насобраните граѓани на с.Лажани во Општина Долнени.
zoki4
„Соживотот на жителите на Лажани е класичен пример дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е предност, а не хендикеп“, истакна претседателот на СДСМ, честитајќи им го притоа на верниците од муслиманската вероисповед празникот Курбан Бајрам.

Во најголемиот дел од своето обраќање пред жителите на Лажани, Заев се задржа на состојбите во земјоделието.

zoki5

„Субвенциите за земјоделците ги има во сите европски земји, ги има и ќе ги има и кај нас. И тие треба да растат. Меѓутоа субвенциите се помош, тие не го решаваат проблемот на земјоделците. Обезбедување пласман на производите е тоа со што државата може и треба да им помогне на земјоделците“, потенцираше претседателот на СДСМ Зоран Заев.

zoki6Zaev8