(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО ДРЕНОВЦИ, СО АПЕЛ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД ДОЛНЕНИ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ЛУЃЕТО ТАМУ ОКОЛУ ХАВАРИЈАТА ЗА ДА МОЖЕ НОРМАЛНО ДА ФУНКЦИОНИРААТ ВО 21 ВЕК, ВО СЕЛОТО КАМЕН НА КАМЕН НЕ ОСТАНА!!!

0
1270

Живееме во 21 век? Не би рекле!

Дали Вие господине градоначалник би можеле нормално да функционирате доколку живеете овде? Зошто ова село е постојано запоставено од секоја партија на власт? Години наназад ние сме само гласачко тело(очигледно само тогаш постоиме за вас)бидејќи ниту нешто се гради ниту нешто се обновува!

Сте се запрашале ли што доколку има некој итен случај? Дали човечкиот живот има помала вредност од парите? Срамно и неверојатно е село со мноштво население и со ваков потенцијал и капацитет да биде отфрлено на маргините. Единствено што бараме е ПАТ – БЕЗБЕДЕН И АСФАЛТИРАН ПАТ ИЗГРАДЕН СО НОРМАЛНИ СТАНДАРДИ И СИГНАЛИЗАЦИЈА!!!

Ако во 2020 година не можете да обезбедите пат за нормално сообраќање на населението засрамете се и препуштете ја удобната фотеља на некој кој би се заангажирал за овој сериозен проблем. Протестите се најлесното нешто што може да се организира,меѓутоа се надеваме дека овој текст и слики ќе стигнат до вашите очи и ќе имате разбирање и брза реакција во однос на нашето барање,пред да се одлучиме на протест.

Со почит,жителите на с.Дреновци!