(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДОКТОРОТ ЗАПНАЛ ДА ЈА НАПРАВИ ГАЗИ БАБА МОДЕРНА ОПШТИНА ПА МАЈКА ЈАНА НЕКА Е : НА БАРАЊЕ И ВО ДОГОВОР СО ГРАЃАНИТЕ, СЕ ГРАДИ НОВ ПАРКИНГ ВО ЖЕЛЕЗАРА

0
1245

Општина Гази Баба се грижи за потребите на граѓаните. На барање на жителите од кула број 45 и со нивна дозвола, се гради нов паркинг простор на улица Душан Тасковиќ во Железара. Овој паркинг кој е предвиден со ДУП-от донесен во 2016 година, ќе беше изграден уште пред една година, кога за прв пат стигнаа барањата од граѓаните од повеќе кули и тоа со број 42, 45 и 49, но поради несогласувања помеѓу нив, изградбата се стопираше.

Иако имаа согласност за градба од куќните совети, сепак граѓаните подоцна се разидоа во ставовите дали да се гради паркинг простор или не и сите градежни активности градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски веднаш ги стопира се додека не се договорат меѓу себе. Сепак, на своето барање останаа само станарите од кула број 45 за чии потреби сега се гради овој паркинг.

Откако се доставени потписи од станарите на кула број 45, општината ги активираше градежните работи за изградба на паркинг просторот пред кулата.

Во моментов, паркинг просторот е расчистен и тампониран, поставен е систем за апсорбирање на атмосферски води, а во наредните денови ќе биде и асфалтиран. Овој паркинг простор ќе обезбеди место за вкупно 60 возила.

Општина Гази Баба во договор со станарите од кула 45 презема обврска хортикултурно да го уреди просторот околу паркинг просторот, со засадување на нови дрвца и садници.