(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Груевци ќе ПУКНАТ ОД МАКА : Премиерот Зоран Заев пречекан на посетата во Сараево со почесен кордон и највисоки државни почести

0
1865

Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Македонија, пристигна во прва официјална посета на Босна и Херцеговина.

На македонскиот премиер на аеродромот во Сараево му беше организиран свечен дочек со почесен кордон. Заев беше пречекан од министерот за безбедност, Драган Мектиќ ,а официјалниот дел од посетата почнува утре, кога тој ќе се сретне со премиерот Денис Звиздиќ и членовите на Советот на министри, пишува „Дневни аваз“.

Делегација на Советот на министри ќе ја сочинуваат Мирко Шаровиќ, заменик-претседател и министер за надворешна трговија и економски односи, министерот за човекови права и бегалци, Семих Боровац, министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, министерот за цивилни прашања Адил Османовиќ и министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ .

Делегација на Владата на Република Македонија ја сочинуваат министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши за економија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за култура Роберт Алаѓозовски и министер задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Се очекува потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како и потпишување на културна соработка.

Македонската делегација, исто така, ќе се сретне со претседателот и членовите на претседателството на БиХ, и членовите на Колегиумот на Претставничкиот дом.

Премиерот Заев во попладневните часови ќе го посети Ротмиљ, каде што ќе положи венец на спомен обележјето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски и членовите на неговата придружба. Во вечерните часови Звиздич и Заев ќе го посетат Мостар, каде што ќе присуствуваат на манифестацијата „Mostar Peace Connection” и ќе потпишат мостарски мировен договор.

zaev1 zaev2 zaev3 zaev4 zaev5 zaev6 zaev7