(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА БОРЧЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ЕКОЛОШКА ОФАНЗИВА СО ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР ЗАЕДНО СО АМБАСАДОРИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ НА ПИВАРА СКОПЈЕ

0
824

Се приклучив кон акцијата на Пивара Скопје за чистење на кејот на реката Вардар. Здружени успеавме да исчистиме неколку километри од кејот кој се наоѓа територијално во општина Гази Баба.

Во акцијата која се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа “Рециклиравте ли?” учествуваа и амбасадорите на Холандија, Велика Британија и САД како и голем број на компании. Беше собран целиот сув отпад, кој соодветно го селектиравме, а потоа и рециклиран.

Преку ова акција покажуваме дека свеста кај сите луѓе треба да биде на високо ниво, дека јавниот простор и животната средина мора заедно да ја одржуваме чиста затоа што колку повеќе водиме сметка за хигиената околу нас, толку по здрава средина ќе имаме. Големо благодарам до Пивара Скопје кои како општествено одговорна компанија ја организираа оваа акција.