(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герила акција на граѓанската иницијатива „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ“ : Граѓански перформанс пред прилепската болница со мерџото на Грујо од 600.000 евриња

0
1252

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! денеска одржа перформативен настан во кругот на градската болница „Борка Талески“ во Прилеп.ponedelnik-3-of-13

Преку сатиричен перформанс, со поставување на макета од мерцедесот од 600.000 евра на владата на Никола Груевски, активистите ја акцентираа состојбата со здравството во Прилеп. Беа испратени пораки дека со 600.000 евра наместо луксузен мерцедес за Никола Груевски, можеа да се набават современи медицински апарати за прилепската болница, или да се обезбедат услови за специјализација на прилепските доктори.

ponedelnik-5-of-13
Истовремено, над десетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои оптеретени граѓаните на Прилеп и на Македонија.
Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.

ponedelnik-11-of-13 ponedelnik-12-of-13