(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Георгиевски – Априлијадата ги обединува децата преку нивната креативност на едно место

0
1221

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска ја отвори манифестацијата “Априлијада 2019” која се одржа на плоштадот во Автокоманда. Деца од градинките и од сите 11 основни училишта на територија на општина Гази Баба денеска беа дел од маскенбалот.

Георгиевски ги поздрави присутните и посочи дека општина Гази Баба традиционално ја одржува оваа манифестација, со цел децата од градинките и основните училишта да се дружат на едно место, на плоштадот во Автокоманда.

  • Драги дечиња, кои денеска преку своите маски, живеете во светот на вашите омилени ликови, драги родители кои сте најголемата поддршка на вашите деца во реализацијата, учители и наставници кои сте нивниот поттик, нека е честит Денот на шегата! По тој повод, денеска децата од градинките и сите 11 основни училишта, ќе имаат можност да ја покажат својата креативност на ревијата на маски. Преку игри и песна, ќе покажат во што се маскирани денеска. За најдобрите следуваат и награди, а настанот е збогатен и со културно – забавна програма. Покрај оваа, Гази Баба реализира и низа други настани за најмладите, а водиме сметка и за установите во кои го поминуваат најголемиот дел од денот, вели Георгиевски.

Покрај ова, тој посочи дека во моментов се работи на неколку проекти за подобрување на условите во градинките и основните училишта.

  • Ја прошируваме детската градинка Морковче во Јурумлери со уште една занимална, а адаптиравме и уште една просторија која ќе биде наменета за јасли. Ја реновираме и градинката Калинка во Железара, каде ќе се отвори место за уште 60 нови деца, а градинката ќе работи и во втора смена. Започнавме со градба на нова градинка во Стајковци која ќе има капацитет за 140 деца. Ќе се градат и нови градинки и тоа во Трубарево, Синѓелиќ, Инџиково и Ќерамидница. Овие денови ќе биде пуштено во употреба и целосно новиот објект на ОУ “Вера Јоциќ” во Маџари, каде се гради и нова спортска сала, инсталиравме интерактивни табли во сите основни училишта, ги заменивме старите прозорци со сосема нови во ОУ Стив Наумов во Автокоманда, сменивме санитарни јазли во неколку училишта и др, рече градоначалникот на општина Гази Баба.