(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГЕН. секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на маалска средба во Битола: Од денеска започнува реализацијата на мерката зелена нафта, 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците

0
1103

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, придружуван од градоначалничката на Битола Наташа Петровска, членката на ЦО Сања Лукаревска, Трајан Димковски, директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Никола Бабовски, членот на ЦО Ѓоко Танасоски, претседателот на ОО Битола Златко Ќурчиевски и други членови на СДСМ, учествуваше на маалска средба со граѓаните на Битола.

Пред присутните Николовски истакна задоволство што денеска, токму од Битола започна реализација на мерката „зелена нафта“ клучна мерка од Програмата.

– Денеска се исполни едно од клучните ветувањата на оваа Влада, онака како што предвидовме во првите две години од мандатот се изреализира мерката “Зелена нафта” со што кај околу  55 илјади земјоделци се враќаат околу 200 милиони денари. Со оваа мерка, се намалуваат трошоците на земјоделците, а производството станува порентабилно, порача Николовски.

Генералниот секретар Николовски истакна дека по 11 години уназадување, сега државата е на вистински пат, а чесната и одговорна работа на СДСМ дава реални позитивни резултати.

Битолскиот регион денеска преку Програмата за рурален развој доби 11 решенија за реализација на капитални инвестиции во вредност од речиси  два милиони евра, а изминатите недели сите општини добија решенија за над 204 проекти со вредност од близу 40 милиони евра..

Николоски најави дека маалските средби што започнаа овој месец, ќе продолжат и натаму како редовна пракса во функционирањето на партијата.

– Како одговорна партија, остануваме во постојан контакт со граѓаните, но и помотивирано ќе работиме на реализација на она што сме го ветиле, порача генералниот секретар Николовски.