(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО АЛБАНИЈА ПРЕЧЕКАНИ КАКО ТИТО ВО ВРЕМЕТО НА СФРЈ!

0
1517

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски е во официјална посета на Република Албанија.

Премиерот Заев ја почна официјалната посета со средба со албанскиот премиер, Еди Рама.

Двајцата премиери имаа тет-а-тет средба и средби на ниво на владини делегации, по што следуваше заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата е изразена цврста определба за натамошен развој на пријателските односи меѓу двете земји на економски план и поддршка во евроинтеграциите.

Премиерот Заев, на прес-конференцијата се заблагодари на премиерот Рама, на Владата и на граѓаните на Албанија за топлиот пречек, за брзата поддршка на членството на Република Северна Македонија на НАТО и изрази надеж за европски перспективи на двете држави и зајакнување на билатералната соработка со цел стабилен и просперитетен европски регион.