(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Плоштадот “Коцка” во Автокоманда блесна во нов сјај со манифестацијата “Вкуси ја Гази Баба – вкус за сите генерации”

0
1231

Граѓаните на Автокоманда конечно можат да уживаат во новиот, мултифункционален плошатадна Коцка, наменет за сите генерации. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и официјално го пушти во употреба и тоа со манифестацијата “Вкуси ја Гази Баба – вкус за сите генерации” која се организираше за прв пат и која се очекува да прејде во традиција.

Георгиевски во своето обраќање пред посетителите изрази задоволство што ветените проекти, навреме ги реализира, а плоштадот “Коцка” дека е еден од нив.

  • Просторот кој беше празен и монотон, сега изгледа како отворена сцена која се простира на 2300 квадратни метри. За “Коцка” да го добие овој лик, поставивме ново економично смарт осветлување, пристапни рампи за лица со инвалидитет, нова пристапна платформа која ќе го поврзе плоштадот со Домот на култура. Се работеше и на плочникот, на скалите на плоштадот. За новиот простор да биде целосно функционален, поставивме и нова урбана опрема. Во периодот кој што следува, за просторот да претставува една целина, ќе се гради и современо детско игралиште а ќе се уредвува и паркинг просторот, кој ќе биде ограничен само за потребите на станарите и сопствениците на дуќаните во околината.

На плоштадот Коцка, преку манифестацијата “Вкуси ја Гази Баба – вкус за сите генерации”, граѓаните имаа можност да пробаат оригинални вкусови на храна и пијалоци, создадени од компании кои се наоѓаат во општина Гази Баба, да уживаат во богата музичка програма од 12 до 20 часот. Посетителите слушнаа и едукативни совети од врвни стручни лица за готварството и здравата храна за сите возрасти.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Одделение за односи со јавност