(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Магичниот остров на Дејвид Коперфилд

0
1564

Светски познатиот илузионист Дејвид Коперфилд плати сума од 50 милиони долари во 2006 година, за да го купи островот Musha Cay на Бахамите.

66-640x480

По 5 години влог и потрошени вкупно 40 милиони долари, Коперфилд веќе го нарекува островот “најмагичната дестинација во светот”.

Тој исто така стекнува и други 10 соседни острови, со што составува архипелаг, познат како Islands of Copperfield Bay.

Денес Musha Cay е толку познат, што на него одмараат личности како Опра Винфри, Бил Гејтс и Џони Деп, а основачот на Google, Сергеј Брин тука склучи брак со веќе поранешната сопруга Ен Војчицки.

Островот може да го изнајми и било кој од нас, но неговата цена изнесува 57 000 долари од вечер. Musha Cay е идеално место за релаксација и авантури.

Вашите (до 24) гости можат да отседнат во вкупно 5 одделни куќи, лоцирани на островот.

musha5 musha12 musha22 musha31 musha4 musha6