(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Засадени 20 садници во „Паркот на планетата Земја“ во Прилеп

0
1949

Дваесет млади садници денеска се засадени во „Паркот на планетата Земја“ на
патот кон манастирот „Трескавец“ во месноста „Песјобрдце“. Градоначалникот
Илија Јованоски, пратениците во Собранието на РМ Кети Смилеска и Хари
Локвенец, претседателот на Совет на Општина Прилеп Миле Талевски,
директорите на јавните комунални претпријатија Емил Јанески, Кристијан
Илиески, Ѕвонко Јованоски и Славе Петрески ,советници, претставници на
општинската администрација и претставници од општинската организација на
Црвен крст денеска го засадија паркот, нова зелена површина која што во
иднина плански ќе се проширува.

„Денеска по деветти пат го одбележуваме ‘Часот на планетата Земја’ што се
одбележува во повеќе од 170 земји во светот. Затоа засадивме нови 20
садници на местото, што во иднина ќе претставува ‘Парк на планетата Земја’.
Оттука сакам да упатам и еден апел до сите граѓани, екологијата да е што
позастапена во нашиот град, а Општина Прилеп заедно со комуналните
претпријатија ќе се трудат градот да биде што почист, Прилеп да има чиста
вода за пиење“, порача градоначалникот Јованоски.

Сите активности по повод „Часот на планетата Земја“ Општина Прилеп ги
организира во соработка со општинската организација на Црвен крст.

„Денеска, ние младите од Црвен крст се вклучивме во акцијата, изразувајќи ја
нашата поддрка на акцијата „Часот на планетата Земја’, засадувајќи дрвја во
новиот парк. Со ова сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај граѓаните“,
акцентираше младата Катерина Божиноска, претставник од Црвен крст.

Активностите продолжуваат вечерва во 19.30 со старт на ноќната трка пред
реклами. Околу 20.30 часот се очекува учесниците во оваа 5 километарска трка
низ центарот на Прилеп да пристигнат до целта. Потоа градоначалникот
Јованоски ќе им ги врачи дипломите и скромните награди на првите 3 најдобри
учесници во трката во женска и во машка категорија.

Во 20.30 часот на Паркот на револуцијата ќе бидат исклучени светилките, со што симболично и Општина Прилеп се вклучува во екоакцијијата за заштеда на
ресурсите. Младите од о.о. на Црвен крст во истио момент ќе запалат свеќи во
форма „60+“ означувајќи ги заштедите со исклучување на електричната
енергија.

Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски апелираат до граѓаните во
истиот период од 20.30 до 21.30 часот да се вклучат во „Часот на планетата
Земја“.

„Апелирам до сите граѓани колку што можат повеќе да ја намалат
потрошувачката на електрична енергија во своите домови во тој период. Така
сите заедно ќе го дадеме својот еко придонес, за заштеда на ресурсите, за
заштеди на енергијата, за што поздрава животна средина“, истакна
градоначалникот Јованоски. https://youtu.be/216BiUNy2sc