(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Бојко Борисов расположен во Дубровник ги прегрнуваше Заев, Брнабиќ, Орбан…

0
1311

Во Дубровник се одржува самитот 16+1, средба на премиерите на земјите од источна и средна Европа со кинескиот лидер кој е во официјална посета на Хрватска.

Хрватскиот премиер Пленковиќ приреди вечера на која учествуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Посебно беше срдечна средбата меѓу нашиот и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој не го криеше своето расположение и ги прегрнуваше лидерите од Западниот Балкан, но и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Борисов во прегратка со Брнабиќ и Орбан

Борисов насмеан со Заев

Гостите прошетаа во Дубровник, а ќе разговараат со кинескиот премиер за економската соработка во регионот.

Кинеска компанија ќе го гради Пелешкиот мост, вреден над две милијарди куни.