(Фото) Владата ќе потроши милион евра за биографии на Тито, Александар Македонски, но ги испуштиле Амбди Бајрам и Хју Грант

0
1409

ta1

Маршалот Тито, Александар Македонски, Бизмарк, Петар Велики, Карлос Слим, најбогатиот човек на светот, Атила Хунски се дел од личностите чии што биографии, Министерството за култура, ќе ги подготви за македонските граѓани, дознава А1он.

Меѓу 150-те одбрани дела за превод се опфатени биографиите на комунистичките лидери како Тито и Хрушчов, речиси сите американски претседатели, па се’ до животните приказни на основачите на Твитер, на Амазон, на Битлси, Принцезата Грејс и на Агата Кристи.

ta2

Во конкурсот се наведени и книги за научници, писатели, режисери, музичари. Меѓу нив две книги за Пабло Неруда, а Владата ќе финасира и две книги за Јосип Броз Тито: „Тито и другарите од Јоже Пирјевец и „Јосип Броз Тито: Илустрирана биографија“ од Фицрој Меклин, пишува порталот.

Се работи за вкупно 150 книги, за кои Министерството за култура ќе потроши речиси 1 милион евра или 57 милиони и 147 илјади денари.

titoaleksandar

Според податоците од Бирото за јавни набавки, оваа сума пари, државата ќе ја троши за издавачки и печатарски услуги, а во овие од 930 илјади евра не влегуваат и трошоците за превод на македонски јазик. Според објавениот конкурс книгите ќе се издаваат во текот на три години.

Инаку, Министерството за култура издава и книги за македонски историски личности, во едицијата „Македонски искушенија“.