(ФОТО + ВИДЕО) Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија одбележан во Прилеп

0
1303

Со делење на флаери, книги, виолетови маички и балони за најмладите, волонтерите од здружението „Епилепсија Македонија“, учениците од основните и среди училишта денеска под мотото „Различни, а сепак исти“, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ го одбележаа 26 март, Меѓународниот ден за поддршка на лицата со епилепсија, познат како „Виолетов ден“.

Целта на кампањата која ја спроведува здружението „Епилепсија Македонија“, поддржана од Општина Прилеп е подигање на јавната свест, за видот и карактерот на ваквите и слични болести со кои се соочуваат овие целни групи и нивна полесна инклузија во заедницата.