(ФОТО + ВИДЕО) РАБОТНА ПОСЕТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО ФУНКЦИЈА НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

0
665

Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, оствари работна посета на Општина Македонска Каменица, заедно со Горан Стојановски, раководителот на Секторот за операции и координација (СОК), со Драган Балас, раководителот и со други вработени од Регионалниот центар за управување со кризи Делчево.  Целта на посетата е реализирање средби во функција на превентивните активности координирани од Центарот за управување со кризи со институции и работни организации, компании, во Општината, а од интерес на граѓаните на локалната општина, а и на целата држава.

Прво во Општина Македонска Каменица, од страна на директорот Ангелов и градоначалникот Димчо Атанасовски,  беше потпишан меморандум за соработка во областа на кризниот менаџмент. Потпишувањето меморандум за соработка и работните средби се во контекст на давањето на посебен простор во опшината од Општина Македонска Каменица на ЦУК, што ќе биде во функција на современ превентивен систем за јавно тревожење со поставување современа опрема за рано предупредување стационирна во просторијата.

Во контекст на посетата на Општината, се оствари и работна средба за соработка во областа на кризниот менаџмент со дел од раководството на Рудникот САСА“, а потоа и работна посета на посета на противпожарната единица ТППЕ Македонска Каменица – работна средба.

Ваквите планирани и координирани работни средби се дел од активностите на Центарот за управување со кризи што се во функција на превентивните активности координирани од ЦУК со институции и работни организации, компании, во Општината, а од интерес и на целата држава.