(ФОТО + ВИДЕО) ДРАМА ВО ПРИЛЕП : Прилепчани ИЗЛЕГОА НА МИРЕН ПРОТЕСТ револтирани ПОРАДИ ИЗГРАДБА НА КАПЕЛА во населена средина! МАРЈАН РИСТЕСКИ И ОПШТИНАТА СИ ИГРААТ СО НАС ТОПЛО ЛАДНО!

0
1766

Денес во месната заедница ,,Тапани” на улицата ,,Блаже Иваноски”  во Прилеп каде што се наоѓаат старите прилепски гробишта се одржа мирен протест поради најава за изградба на капела.

IMG_0857

Жителите од оваа заедница тврдат дека општина Прилеп и одговорните  заедно со градоначалникот Марјан Ристески останале глуви на нивните барања за стопирање на изградбата на капелата бидејќи како што тврдат насобраните жители самата капела се гради во непосредна близина на куќите каде што играат и деца.

– Пред една година добивме решенија за рушење на гаражите како објекти од времен карактер каде што месното население на месната заедница ,,Тапани” реагираше да не се рушат гаражите. Од градоначалникот Марјан Ристески беше ветено дека на местото од гаражите ќе се гради парк и игралиште за деца, но по извесно време дознаваме дека наместо парк и игралиште за деца ќе се гради капела. – изјави еден од жителите кои протестираа.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=5xQC-nKet1M&feature=youtu.be[/youtube]

– Населението на месната заедница ,,Тапани”  собра петиција против изградбата на капелата но откако отидовме со собраната петиција за проблемот бевме набркани од општина Прилеп. – изјавија револтираните жители.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=jKVT2fjdqig&feature=youtu.be[/youtube]

На прашањето од новинарите за тоа дали добиваат закани за петицијата против изградбата на капела во населено место еден од револтираните жители на оваа месна заедница вели дека немало закани но општината си игра со нив топло ладно.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=xz7SM4FiPmA&feature=youtu.be[/youtube]

– Не сакаме децата да доживуваат траума додека си играат да гледаат починати, порача еден од револтираните жители.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=M4h0ggE-7a4&feature=youtu.be[/youtube]

IMG_0849 IMG_0850 IMG_0855 IMG_0856 IMG_0858

А еве ја точната локација каде што е планирана изградбата на капелата во населбата ,,Тапани” кај старите гробишта

IMG_0875