(ФОТО) Вера Јанковиќ жестоко му одговори на Григор Копров: Паднаа маските!

0
3011

Скандалот што ја тресе македонската естрада се уште не доби завршница. Наместо тоа, во продолжение, на обвинувањата на Григор Копров се огласи Вера Јановиќ.

Имено, водителката на „Охрид фест” Вера Јанковиќ вели дека без хонорар си заминала од Охрид. Според неа, директорот Григор Копров, поради двете грешки коишто ги направила, ја казнил, па таа самата требало да си го плати и превозот за Скопје, пишува весникот „Вест“.

Откако вчера директорот на фестивалот „Охрид фест“, Григор Копров, за весникот „Вест“ се пожали дека Вера Јановиќ го упропастила крајот на фестивалот, водителката жестоко му одговори. Водителката се огласи на својот профил на Фејсбук каде му порача на Копров:

„Се ќе прифатам драги мои од изјавеното, СЕ!!! само едно НЕ!!!
А бе ДЕНАР немам земено од т. н. Фестивал!!! ДЕНАР.
Копров, паднаа маските. ТОЛКУ.
п. с. Во коментар ви приложувам како изгледа извештај за награди кои јас треба да ги прочитам!!! … и ги прочитав за беља!!!
АРНО АМА во приложеното никаде не ми стои име на стручно жири??!!! како да го прочитам :)))“

Screenshot_11 Screenshot_12 Screenshot_13