Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес денеска беше пред Врховниот суд на местото каде беше поставен споменикот на Ќосето, каде запалил свеќа.
„Запалив свеќи пред осквернавениот споменик на Андон Лазов Јанев Ќосето до Судската палата, за да и’ светне на Владата, впрегната во мракобесието на антимакедонизмот, каде ја води државата и нацијата“, напиша Петров на својот Фејсбук профил.