(ФОТО) Анима Мунди: Кутре убиено само затоа што се наоѓало пред Цементарница

0
1058

kut 1

Згрозени сме и шокирани од податокот дека Цементарница Усје со ургенција инсистирала да се отстрани ова мирно и прекрасно куче кое пред нивниот двор барало заштита и помош. Пријавено од, како што велат шинтерите од некој од директорите на Цементарница, ургирано да се интервенира веднаш, заловено и убиено на 28 септември, реагира Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

kut 2

„Фрапирани сме од фактот дека еден гигант како Цементарница не нашол начин да се обиде и помогне на животно во неволја, на живо битие кое се радувало и сакало да живее. Ова не било смет, шут потребен да се отстрани, туку бездомно куче, жива душа. Има безброј примери на одговорни и хумани компании кои превземаат грижа, во својот двор чуваат животни, им помагаат. Но ова ова куче е убиено само затоа што барало заштита и засолниште пред Цементарница. Почитувани односот кон послабите е показател на нашата хуманост, совест и свест. Овој пример нам ни кажува многу за оној кој го наредил отстранувањето/убивањето на кучето кое барало засолниште пред Цементарница“, стои во соопштението.

kut 4