(ФОТО)Стевчо Муња почна да ги спроведува црните сценарија за спас на Грујо и Мијалков: Контрапротестанти се рапослаа пред Уставен суд!

0
998

Шест часа пред најавениот протест на Платформата „АЈДЕ“пред Уставниот суд кој е со подршка на опозицијата , контрапротестантите  веќе го зазедоа просторот околу судот  Во делот меѓу судот и мостовите на Вардар можат да се забележат и неколку големи бели тенди и пластични столчиња.

Околу Уставниот суд веќе е забележително засилено полициско обезбедување кое би требало да се интензивира со стартот на протестот на опозицијата.

kont 2

Протестот на Платформата „АЈДЕ“, на кој најавија приклучување повеќе невладини организации, но и СДСМ и опозициски партии, треба да започне од 18 часот. Најавеното бдеење на Уставот ќе стартува со марш пред зградата на Владата, насобраниот народ ќе се упати кон Народната канцеларија на претседателот на државата, потоа кон Собранието на Република Македонија и на крајот треба да пристигнат пред Уставниот суд.

kont 3