(ФОТО)Протест пред Уставен: Граѓаните фрлаат со тоалетна хартија по режимското дувло!

0
1017

Со тоалетна хартија и пароли „Нема правда, нема мир“ скандирајќи „Оставки“ неколку стотици граѓани протестираа денеска пред Уставниот суд. Демонстрантите бараат оставки од петте уставните судии кои ја изгласаа иницијативата со која се разгледува можноста за зголемување на ингеренциите на претседателот со кои ќе може да помилува осуденици за изборен криминал, пренесува Радио Слободна Европа.

Според демонстрантите, судиите кои работат по „диктатот на тефтерчето“,треба да се повлечат од своите функции или да работат во интерес на граѓаните.

„Да му кажеме на ВМРО-ДПМНЕ и на тие пет члена на Уставниот суд дека го нанесоа најголемиот срам.“

„Менуваат Устав небаре менуваат мени во некоја кафеана, менуваат за да спасат жива кожа, а главни спасители им се едни обични „тефтер судии“, судии кои се срам и арам за правдата и државата.“

12736224_877599862360269_364436000_n-670x402

„Овие судии во оваа зграда од Уставот направија обична тоалет хартија“, рекоа граѓаните.

Организаторите на протестите пред Уставен суд, платформа за граѓанска политика „Ајде“ велат дека судиите кои гласаа „за“ разгледување на оваа иницијатива, го погазија Уставот и правото. Тие велат дека со оваа иницијатива се отвора можност да се укине Комисијата за помилување и дека се остава право само на претседателот да одлучува кого ќе помилува.

„Уставниот суд не смее да биде заштитник на злосторничкото здружение. Уставниот суд треба да биде заштитник на уставноста и законитоста на човековите и граѓанските права, а не заштитник на криминалците.“

12787993_10207724690651123_1425124350_n-670x402

На протестот присуствуваше и поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев.

„Ова не е Уставен суд, ова е експозитура на злосторничкото здружение, овие се џелати на правдата.“

Демонстрантите порачаа дека нема да престанат да протестираат додека петте судии не си поднесат оставка.

12784321_877601555693433_1814076746_n-670x503

Ова е трет протест по одлуката на Судот да прифати разгледување на иницијативата за да се поведе постапка за оценување на измените во законот за помилување. Протестот помина под силно полициско обезбедување.

Фото: Либертас