ФОТО+ВИДЕО: Студентите прогласија автономна зона и универзитет под студентска контрола!

0
1055

Студентите во организација на Студентскиот пленум се собраа на платото пред УКИМ и прогласија автономна зона и универзитет под студентска контрола.

10966940_10155170541190368_190597648_n-540x360

Тие ги објаснија причините за ваквиот чекор. Како што кажаа, имаат основ да веруваат дека средбата ветувањето на премиерот за одложување на законот е поради актуелните политички случувања во земјата.

10968058_10155170541395368_1105014046_n-540x360

Тие ги објаснија причините за ваквиот чекор. Како што кажаа, имаат основ да веруваат дека средбата ветувањето на премиерот за одложување на законот е поради актуелните политички случувања во земјата.

10965914_10155170540555368_2090252528_n-540x360

Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование која ќе опфаќа загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на нов Закон за високо образование за тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи.

10882256_875429725834350_342013704527148091_n1-540x405

Студентите бараат формирање научни групи во кои Студентскиот пленум, Професорскиот пленум и претставници од министерствата ќе бидат рамноправно застапени.

10994758_10155170585945368_203503203_n-360x540

– Универзитетот треба да претставува бастион на критичката мисла која води кон напредок, место каде не те учат што да размислуваш туку како! Затоа сметаме дека е нужно да се прогласи автономна зона за симболично ослободување на универзитетот. Прогласуваме автономна студентска зона и универзитет под студентска контрола! Овој пат дефинитивно ја прекардашија и нема да им помине – рекоа студентите.

10965465_10155170586060368_1864545529_n-540x360

Ги повикаа сите граѓани на солидарност, за враќање на изгубеното достоинство.

10965499_10155170586330368_831877451_n-540x360

Дадоа и насоки за однесување во автономната зона, а како најважно, истакнаа дека во неа не смее да има партиски и национални, туку само студентски симболи.

10962020_10155170586450368_973052044_n-540x360

10951891_10155170586765368_216963110_n-540x36010967921_10155170629280368_372303178_n-540x360 10984660_10155170629120368_1750998351_n-540x360