ФОТЕЛЈАТА НА МИЦКОСКИ Е ПОД ЗАКАНА ОД ОЛИВЕР АНДОНОВ КОЈ НАЈАВУВА НЕГОВА СМЕНА СО ,,ДЕМОКРАТСКО РЕВИТАЛИЗИРАЊЕ” НА ВМРО-ДПМНЕ

0
897

Покана до медиумите за прес-конференција што ќе се одржи утре, денеска испрати поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

-Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција.Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, пишува во поканата што до медиумите ја испрати Андонов.

Андонов редовно пиува колумни во кои го критизира Мицкоски, па и во вчерашната колумна на „Инфомакс“ напиша дека „поголемиот дел од нацијата е во тешка апатија и безизлезност“, од која „ дури и високи функционери (поранешни и актуелни) од ВМРО-ДПМНЕ, не верувајќи му на Мицкоски, не гледаат излез, но веројатно им недостасува и храброст да се спротивстават на апатијата и безизлезноста“.

„Време е за промени, за вистински личности со интегритет кои ќе ја вратат надежта и иднината во Македонија. Што би рекле, време е за мажи во политиката со јасна идеја и визија за Македонија, за сите нас, пред дефинитивно апатијата и срамот да не убијат како нација, но уште повеќе и како личности“, напиша Андонов.

Иницијатива за промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаше и пред околу две години, кога повеќе истакнати поранешни функционери на партијата, меѓу кои и Ивица Конески, Никола Тодоров, Митко Јанчев, Никола Попоски, Сашо Мијалков, Ѓулистана Марковска, Даниела Рангелова, побараа оставка од лидерот Христијан Мицкоски, но иницијативата замре по неколку месеци.