Фокус: Ќе биде прогласена вонредна состојба по трет пат, само на покус рок?

0
789

Вонредната состојба ќе биде продолжена и по трет пат, неофицијално дознава “Фокус” од добрупатени извори. Нашите извори брифираат дека е можно вонредната состојба да не биде на 30 дена, туку на покус временски период.

Оваа одлука официјално ќе биде позната денес, откако ќе се оддржи седница на Советот на безбедност.

Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку.