ФОКУС: ФАМИЛИЈАТА ИМА АДВОКАТИ ЗА ИЗВОЗ – БАУКОТ НА ГРУЕВИЗМОТ КРУЖИ НАД ЕВРОПА

0
2218

БАУКОТ НА ГРУЕВИЗМОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА
Да не го прекопирале Европејциве проектот на Груевски „Лотарија за вработување“ а ла Македонски шуми! Или, решија со преземање на најлојалните кадри на груевизмот, да нѐ ослободат од нив? Да не се шокираме ако Јанкулоска стане претседател на Интерпол, а Мијалков заврши во Поткомитетот за превенција од тортура при ООН!? Уф, не е ферски што Керим не го изгласаа за генсек во ООН!

ФАМИЛИЈАТА VS. ЛИБЕРАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА
Сигналите од САД и ЕУ одамна ја изгубија острицата. Причината лежи во консумираноста на македонската криза, но и во неверицата на Запад дека тука постои критична маса граѓани која претпочита демократија пред корупција, слобода пред клиентелизам, правда пред партиско вработување

СТРУЕН ФЕНОМЕН
Иако се инвестираа над половина милијарда евра во РЕК Битола, производството на струја опадна за една четвртина. Еден од милионските договори за модернизација на блоковите на комбинатот со германска компанија е пред пропаст и се заканува да заврши пред меѓународен суд

РЕВИЗОРИТЕ ГО УЛОВИЈА ЈОЛЕВСКИ
Старешини во АРМ во февруари годинава направиле ревизија на опремувањето и модернизацијата на АРМ која во наредните десет години треба да изеде 250 милиони евра и забележале стратешки грешки и пропусти, кои го рушат планот на власта за тајна набавка на опрема и оружје

ГРОМ УДРИ ВО „КАРПОШ 2016“
Градоначалникот на Карпош наредил да се сруши објект во општината во кој била сместена компанијата „Галаб“, иако немало законска основа. Дури и полицијата на Чавков одбила да асистира при рушењето. Причината е што на тоа место треба да гради Ивица Георгиевски, екс пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО
Постепено се будам, ми тежат рацете, капаците на очите, но едно сум свесна – дека немам нозе. И, си велам, добро е – „немам нозе, ама жива сум“. Дали е можно некој така лесно да се помири со тој факт, прашува Снежана Караџовска (52), која настрада во сообраќајна несреќа што се случи крај Едрене во Турција

КОПИТА И ПОТКОВИЦИ
Во Македонија, по десет години владеење на Груевски, има многу работи што треба да се променат, ама има и многу работи кои на гласачите баш и не им пречат. На македонските копита се чини дека потковиците што им ги закова Грујо и не им пречат премногу, и расположение за замена и нема баш силно