ФОКУС: Кој ќе го предаде Груевски? – СЈО има сведок од врвот на фамилијата

0
3129

Во најновниот број на неделникот Фокус ќе читате:

ПРИЗНАНИЈА ЗА МОЈАТА ГРЕШНОСТ!
Во 2006 се залагав за генерален реизбор на судиите, ама откако видов дека Грујчо ги реизбра по „тефтерчето на Горде“, сега се плашам да ја поддржам оваа идеја на Заев. Уште пред две децении предлагав обвинителот да го избира опозицијата, а сега се ежам од помислата груевци да имаат таква чест. Сакам повторно да се заложам за лустрација на соработниците на режимот, груевизмот сега, ама се сетив како „началникот“ ми го смести.

Naslovna-1135-696x939-670x904

КЛУЧОТ И КАЛАУЗОТ
Што се нема во дипломатска чанта на Метју Нимиц. Сѐ има, само компромис не! Стотици предлози, еднаш одбивани од Македонија, друг пат од Грција. Премногу пораки и постојани изјави дека клучот за заемно прифатливото име е во Скопје и во Атина. А ако нема клуч, помага и калаузот. Сигурно може да се најде во Вашингтон и во Брисел

КОЈ ЌЕ ГО ПРЕДАДЕ ГРУЕВСКИ?
Извори од СЈО за „Фокус“ тврдат дека јавноста ќе биде шокирана кога ќе чуе кој од најтесниот круг на Фамилијата се пријавил да сведочи против Груевски. И претставникот од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески јавно кажа дека осуммина од раководството на партијата се сведоци на СЈО

„ЗЕЛЕНИ“ ТЕНДЕРИ НА ЖЕРНОВСКИ
Општина Центар склучила договори со четири компании за хортикултурно уредување за 1,3 милиони евра, од кои половина милион се слеале во „Флорастат“, чиј сопственик е човек близок до Влатко Мијалков. Сите постапки се со само еден понудувач, така што не е почитуван критериумот најниска цена

ПАСТИРОТ И ОВЦИТЕ
Груевски не само што не е никаква гаранција за изборна победа на ДПМНЕ, туку поради неговото правно и политичко соголување, кое расте драматично со замолкнувањето на гебелсистичката пропаганда, задржувањето на лидерската функција на пастирот е осигурителна полиса за блиската политичка иднина на СДСМ

ДИЛЕМА НА КРИМИНАЛЦИТЕ 
Следната изборна битка се очекува да биде во октомври. Груевски одамна ги запали сите вмровски бродови, и бегање нема. Или победа, или затвор за сите. Како да се демотивира така мотивираната војска на пастирот? Па, Заев треба да ѝ даде „бродови“. Во спротивно, ќе му требаат нему кога тој ќе биде поразен.

ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ВО БЕЛИ МАНТИЛИ
Досегашните први луѓе на клиниките повеќе време се занимаваа со политика, отколку што си ја вршеа работата. Дел од нив учествуваа во изборните спотови на владејачката партија, дел собираа потписи за кандидат за претседател на државата, некои кроеја списоци за партиски вработувања, додека други станаа и пратеници

 Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Како сега да се разбереме, чии се светите солунски браќа и кој на кого му ги краде вредностите на националната историја? Светите Кирил и Методиј не ни претпоставувале оти некогаш некој ќе се граба за сопственоста на нивното величествено дело. Тие тогаш имале сосема други намери и цели – да ѝ служат на тогашната државна власт

Ерол РИЗАОВ
Судството мора да се врати на својата прва и најважна лекција, а тоа е дека основната функција на владеењето на правото е ограничувањето на политичката власт. Тој ден кога судството ќе ја ограничи политичката  власт, судиите ќе можат со гордост да ги облечат своите тоги. Колку и да е тешко, во тоа мора да се верува

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Груевски во целост ја компромитира и унакажа и идејата за македонскиот национализам и патриотизам. Оној дел од членството, кои денес се структурираат како „реформатори“, треба да го знае тоа за да не губи драгоцено време за погребување на нешто што Груевски одамна го има погребано

Ана ПАНОВСКА
По долгогодишната борба со еден разорен насилнички модел на владеење од јаничарско-аскерски тип, новата власт кај добар дел од граѓаните остава впечаток како млака гарнитура, која сега, откако ја доби власта, не знае што да прави со моќта што веќе ја има в раце

Сашо ТАСЕВСКИ
Другар Заев, ти немаш работа со обивачи на трафики и дрвокрадци, туку со многу опасни луѓе. Ѓинѓиќ го најави својот атентат пред да се случи зашто беше свесен дека со неговото колебање, веднаш и сурово да расчисти со подземјето инсталирано во државните институции, си потпиша смртна пресуда. Сега ти и твоите ја правите истата грешка.