Фокус: Заев помеѓу Шилегов и Мијалков во битката за бизнисот со ѓубре?!

0
1144

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
А зошто, додека сме „на прав пат“, мора да крадете и да лажете, му одговараат независните граѓани што му дадоа поддршка на Заев во 2016. Нели може да не водите „на прав пат“, но истовремено да бидете и чесни? Или и двете работи кај вас не одат заедно?

7 ДЕНА: КАТИЦА- ЕДНА АМА ВРЕДНА
Периодот на Груевски го карактеризираа мегаакции според бројот на уапсени. Сакате „Калдрма“ со 86-мина, во „Змиско око“ 72… Кога немаш крупни ѕверки, шибај со крупни бројки. Интересно, пак, за СЈО е што правосилни пресуди им се бројат на прстите на една рака, ама затоа воделе дури 243 предистраги. Е специфика на владата на Заев е што главен адут дека сега нема недопирливи им стана скалпот на Катица Јанева. Демек, една ама вредна! Го окрка женава за сите останати сомнителни актуелни фаци!

БОРБАТА ЗА ДРИСЛА СЕ РАЗГОРУВА
Кога Град Скопје се пофали дека ја презема депонијата Дрисла, ѓубрето повторно засмрде. Централен регистар обвини дека не може да му стави параф на Шилегов, а градскиот татко ги обвини за некадарност. Од нигде никаде се појави и Сашо Мијалков, кој според Шилегов бил главен во милионскиот бизнис и очигледно немало да се откаже без борба. Премиерот Заев, пак, се чини како да е на средината, ни ваму, ни таму

КОМПАНИЈА ДОНАТОР НА СДСМ ВО БИЗНИСОТ СО КАНАБИС
По легализацијата на одгледување канабис за медицински цели, се лиценцираа десетици компании, а некои допрва очекуваат одобрение за производство. Една од нив е „Мар Медика“ од Куманово, која е во сопственост и на „Делукс Ауто“ на Бобан Спасовски, која, пак, се јавува како донатор на СДСМ во 2016 година, а оттогаш добила и неколку тендери за набавка на патнички возила од разни државни институции

НИНА АНГЕЛОВСКА: ДОЈДОВ ЗА ДА ПРАВАМ ПРОМЕНИ, ЌЕ ИМА И СМЕЛИ ОДЛУКИ
Во интервју за „Фокус“, новата министерка за финансии потенцира дека е дојдена на функцијата за да прави промени и својата младост не ја смета за никакво ограничување. Најавува и жестока борба против сивата економија и создавање рамноправна бизнис-клима за сите. Вели дека стабилниот курс на денарот нема да се чепка, но најавува други смели мерки за стимулација на растот на економијата

СОМНИТЕЛНИ ОТКАЗИ ВО КОНФЕКЦИЈАТА „СТОБИ“
Како што тврдат работничките, досега никоја од нив не знаела што потпишала во канцеларијата на претпоставените. Од Државниот инспекторат за труд дознаваме дека се работи за спогодби. Со овој потпис работничките се откажуваат од правото на испратнина или каков било надомест.Зошто работнички, кои се пријавени на минималец од 12.000 денари, би се откажале од каков било надомест?

ПОЛАРИЗАЦИЈА ВО ЕРА НА АПАТИЈА
И на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе им треба секој глас, било за нив, било за партија која неминовно со нив ќе коалицира по избори, а ни во лудило нема да коалицира со партија од другиот табор. Затоа, за да се ефектуира секој даден глас во број на пратеници, и на двете големи партии им одговара Македонија цела да е една изборна единица.

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Сиве овие години сум бил „свиркач“ за состојбите во мојата и во други институции. Но, кај нас можеш да свириш додека не помодриш во лицето, и пак да не ја разбудиш заспаната совест на луѓето. Ваквото поведение со демократија не оди, но затоа оди совршено со нашата автократска традиција

Ана ПАНОВСКА
Не, драги мои, овде не станува збор за рекет, туку за ПОТКУП, МИТО, ако сакате РУШВЕТ!!! Е, тука веќе има логика ‒ во голем зорт си и нудиш и плаќаш неброени пари за да го купиш обвинителот, и тоа специјалниот, па потаму ако треба плаќаш да го купиш судијата, па како придружни вокали потоа ќе купиш по некој медиум и така сѐ по ред за да се избегне казната

Стојан АНДОВ
На состанокот во септември 1993 г. во Собранието, на кој покрај мене присуствуваа премиерот Црвенковски, министрите Фрчкоски и Поповски, Фрчкоски рече дека испратил наредби до сите органи на МВР на граничните премини да не пропуштаат цистерни со нафта за СР Југославија. Тогаш Црвенковски проговори: „А бе оној Јоцо Реган изгледа нешто плетка“!

Наум СТОИЛКОВСКИ
Aнтикорупциска мора да го има предвид целиот список на аболирани aко навистина сака да се разреши случајот „Глобал“ кој, пак, има многу сличен терк со сомнителната легализација на „Цареви кули“, каде што веќе има докажана основа за сомневање. Можеби антикорупционерите ќе ги спојат како предмети

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Се добива впечаток дека платформата за предизборни настани на двете најголеми партии се заснова само на гола политичка импровизација, и покрај нивното настојчиво тврдење дека се подготвуваат за избори

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Зад кулисите се води перманентна војна помеѓу власта и опозицијата за заробување на државата. Секогаш во симбиоза со својата мафија, бидејќи секоја власт си има своја „позитивна мафија“ наспроти „негативната мафија“ на опозицијата.