Финска на своите граѓани месечно ќе им дава по 560 евра: Ќе ги добиваат парите без никакви обврски

0
1869
За две илјади Финци, државата од идната година планира да им дели по 560 евра секој месец без никакви дополнителни обврски, а тие луѓе нема ниту да имаат обврска да бараат работа.

Станува збор за примена на експерименталното воведување на основен универзален доход, кој што е попознат според англиската кратенка UBI (Universal Basic Income) во Финска, земја која што е познато дека врши експерименти на различни полиња, од образованието, па до начините за носење на нови прописи.

Децата во финските училишта немаат домашни задачи, образованието им е најдобро на светот, а законите во државата се носат така што во расправите учествува секој кој ќе посака.

finska-pari-gragjani-tocka-2016-01

Како и да е, остварувањето на утопискиот сон во кој што никој нема да остане на улица, нема да биде гладен, нема да носи „крпи“ наместо пристојни алишта и ќе има сигурен приход секој месец за кој што нема да треба да работи или да исполнува некакви обврски, се проширува не само во Финска, туку и во некои други земји како што се Холандија, Канада, а наскоро истото ќе се воведува и во Нов Зеланд.

Финците за тоа дискутираа до 9-ти септември, а сега и без анализирање на резултатите од расправата, примената на сето тоа ќе започне од 1-ви јануари 2017-та година. Така, по случаен избор помеѓу невработените ќе бидат избрани 2 илјади Финци и тие од државата ќе добиваат по 560 евра месечно.

finska-pari-gragjani-tocka-2016-02

После две години, ќе биде споредено однесувањето на таа група на невработени, со еднаква група која и натаму ќе прима редовен паричен надомест од берзата, која исто така изнесува 560 евра. Разликата е во тоа што тестираните ќе можат да се вработат и да го задржат приходот од 560 евра, а останатите невработени ќе го загубат надоместот ако најдат работа.

Инаку, многумина ја критикуваат оваа одлука на финските власти, затоа што, како што велат, 560 евра не се доволни за живот, но повеќето Финци, односно околу 69% ја поддржуваат идејата, но надоместот според нив треба да изнесува 1000 евра. Холандија во Утрехт експериментално ќе воведе доход од 972 со кои „ќе можело пристојно да се живее“, вели за Bloomberg Леонид Бершидски кој го критикува финскиот експеримент кој според него е прескромен.