Филипче : Со 2 милиона евра ќе се реновира заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања во Отешево

0
1266

Денес во посета на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања во Отешево, беше министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот Филипче, оствари средба со директорот на Заводот, д-р Александра Пили и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, на која што беше запознаен со функционирањето на Заводот кој е единствен од ваков вид во државава.

Министерот Филипче го најави скорото започнување со реновирањето на трите павилјонони на Заводот во вредност од околу 1.800.000 евра.