Филипче: Ниту еден премиер досега не дал поддршка на здравството како што даде Зоран Заев

0
826

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во синоќешното гостување во емисијата КликПлус на ТВ21, говореше и за проектите кои се спроведени во здравството и покрај ковид пандемијата. Истакнувајќи ја важноста на здравствениот систем, Филипче рече дека голема поддршка и инвестиции во здравството се случиле благодарение на претстедателот на Владата Зоран Заев.

-Ниту еден премиер досега во државата не дал таква поддршка и инвестиција во здравството како што даде Зоран Заев. Зголемување на платите какви што имаат сега лекарите и вакви инвестиции ова да може ние се да направиме немало буквално никогаш во историјата на нашата земја – рече Филипче.

Тој додаде дека премиерот Заев многу добро ги реализира работите конкретно во делот на менаџирање на кризата посебно во делот на сите овие досегашни резултати што ги постигна нашата држава.

-Да се сетиме на времињата кога ги гледавме светските лидери и лидерите на НАТО и Западноевропските земји само на телевизија сега можеме да седиме со нив на иста маса и со нив да одлучуваме. Тоа се сериозни политички процеси, тоа се работи во кои премиерот Заев покажа врвни резултати и сега пред него е еден сериозен мандат да ги манифестира и капацитетите во делот на економијата, за жал минатат година во сенка на ковид кризата, не само кај нас насекаде во светот. Верувам дека сите процеси кои што ќе следат ќе значат дека ќе има државата напредок, дека ќе има прогрес, дека младите иднината ќе ја гледаат тука – рече Филипче.