Филипче: Летово очекувам намалување на бројот на заразени, но на есен ќе бидеме пред уште поголем предизвик!

0
645

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека очекува намалување на бројот на заразени од корона вирусот, но предупреди дека потоа ќе следува есента, кога бројот повторно може да се зголеми.

-Пред нас имаме летни месеци. Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти. Ова го кажувам со резерва. Но потоа доаѓаат есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може да биде многу посериозен предизвик за нашиот здравствен систем од сега, рече Филипче.