Thursday, May 8, 2025
25.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со општинската организација на СДСМ во Неготино, посочи дека лажниот патриотизам на движењето ЗНАМ заврши како приватен бизнис проект. Тој упати остра критика до раководството на ЗНАМ и претседателот Максим Димитриевски, откако денеска СДСМ обелодени голем корупциски скандал на Димитриевски и неговиот кум.

Филипче нагласи дека Димитриевски ја изневерил довербата на граѓаните со лажен патриотизам, кој подоцна се покажал како параван за лични интереси.

„Во 2021 година, некои луѓе се одвоија од СДСМ и отидоа во ЗНАМ. Тогаш, тогашниот претседател на ЗНАМ и градоначалник на Куманово продаде еден лажен патриотизам. Излегуваше на бугарска телевизија, кажуваше „јас сум патриот“, го спомнуваше Гоце Делчев, ја спомнуваше НОБ. Му успеа манипулацијата – да се претстави како патриот и да ги привлече и излаже нашите членови, нашите симпатизери, па и други граѓани. И што излезе? За што се борел? За бизнис интереси. Што му била целта? Само бизнис да прави, пари да прави од позиција на градоначалник,“ изјави Филипче.

При тоа, Филипче повика на враќање на разочараните членови во СДСМ.

„Упатувам апел до нашите членови кои се излажаа и гласаа за ЗНАМ, да се вратат дома. Тука им е домот, во СДСМ. Да не се лажеме дека една мала група луѓе ќе манипулира само за сопствени финансиски интереси“, рече Филипче.

На средбата, Филипче ја посочи и недоследноста во однесувањето на Димитриевски во однос на ДУИ.

„Нели ДУИ беа предавници и криминалци, а со кого го изгласал Димитриевски ДУП-от во Куманово? Гледајте ги и двојните стандарди на премиерот, вика не може Таравари во Владата ако соработува со ДУИ, а Максим Димитриевски може да соработува со ДУИ, дополнително, за негови финансиски интереси. Какво лицемерие е ова?“ , потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА, ДИМИТАР АПАСИЕВ СО ГОВОР ВО ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската...

ПРЕНЏОВ: ДУИ Е ПАРТИЈА БАЗИРАНА НА ШИРЕЊЕ НЕТРПЕЛИВОСТ, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ

На денешната седница на Комисијата за политички систем и...

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЗНАМ, БЕНДЕВСКА НА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска...

ПАВЛЕ АРСОСКИ ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ВО КРУШЕВО И ДЕМИР ХИСАР

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ