Филипче: За разлика од земјите од регионот, ние за многу пократко време ја запревме епидемијата на морбили

0
1079

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска беше во посета на лекарската екипа на Меѓународниот аеродром „Скопје“, која прави скринин на патниците кои доѓаат од блиски земји на Кина.

Тој порача дека нема простор за паника од ширење на корона вирусот во Македонија.

„Трет ден се прави скрининг. Засега немаме патници со симптоми на корона вирус во Македонија. Доколку има пациенти со такви симптоми, имаме изолација, се знае како се постапува. Ние се соочивме со епидемија на морбили и за разлика од земјите од регионот, ние за пократко време ја запревме епидемијата. Ни требаа шест месеци, додека пак кај другите земји тоа траеше година дена и имаше над 100 смртни случаи“, истакна Филипче.