Филипче до ВМРО-ДПМНЕ: Ние даваме сѐ од себе, ако не помагаат, барем нека не одмагаат

0
785

Ние даваме сѐ од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат, рече министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на прашање за барањето оставка од него од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска организираше протест пред Министерството за здравство.

Владејачката СДСМ, пак им порача, балоните со вода наместо кон зградата на Министерството за здравство, треба да ги фрлаат кон барокниот дворец.

-Замислете, денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е одржан во непосредна близина на Инфективната Клиника каде моментално лежат пациенти со тешка клиничка слика заболени од Ковид 19. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, туку само политичко профитерство. Тоа го покажуваат и со денешниот протест каде се групираат на мал простор само за да покажат наводна бројност на протестот, со прекршување на мерките за заштита од коронавирусот. Со ваквото нивното однесување го доведуваат во опасност и нивното членство и граѓаните на државата, изјави Стефан Васев од СДСМ.