Филипче – Демантирам дека има скандал- Кинеското МНР не упати на друг канал

0
1013

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека бил сменет каналот за набавка на вакцините од Кина откако кинеското МНР.

Министерство за надворешни работи им укажало на македонските власти дека треба да се следи друг канал за набавка.

– Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата – изјави Филипче за Канал 5.