ФЕЈСБУК ТЕПАЧКА – АКТЕРОТ МАРИН БАБИЌ ДО АКТЕРОТ ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ : Со повикот за ВОЈНА го навлече гневот на многумина, ЌЕ СЕ ПОТРУДАМ ДА НЕ ОСТАНИШ БЕЗ РАБОТА!!!

0
10371

Читам, ми доаѓаат во инбокс разни писаниа напишани во еден здив!
Пишувајки на фк-ов често пати не сме свесни каков ефект можат да постигнат нашите писаниа. Не сме свесни дека со нив шириме и пропагираме говор на омраза!
Па добро бе луѓе, до толку ли се одродивме за да се мразиме, за да си го посакуваме најлошото.
Секој, ама баш секој, има право на свој став и тој став да го пласира во јавноста. А и фб-укот е јавен.
Не можам да му се лутам на некого кој има поразлично мислење од моето. Тоа е негово право, како што е и мое право да не се согласам со него. Тоа некаде по светот го викаат Демократија, зарем не?!
Како лево ориентиран неможам и несакам да се согласам со многумина десничари од кои и многумина не знаат што е левица, а што десница, а јас немам намера да ги едуцирам незнајковците.
Многу ме прави тажен кога читам дека мои колеги со целата своја жолчност плукаат на се што не мисли како нив!
Драги мои колеги, знаете вие добро кој сте, да нев е именувам, вие кои сеуште сте активни на сцената, свесни ли сте дека со вашите бљувотини (мој став) одвраќате од театарските салони многумина кои не сакаат да дојдат и лицето да ви го видат. а меѓу вас има и глумци кои длабоко ги почитувам за се она што го сториле и на сцената и на екранот.
Дали сте свесни колеги мои дека сценариото оддамна скроено оваа НЕвласт во заминување почнува да го пласира преку вај јавните личности. Арно ама не заборавајте дека и проститутката е јавна и припаѓа на секого кој ќе и плати. Дали е така и со вас?
Со еден од вас имав посреден конфликт. Имено кога ја снимив рекламата за Президент која ја добив на кастинг и кога од Белград преслушувајки презадоволни им препорачаа на Президент да потпише со мене годишен договор, одеднаш рекламата ја снема. После 20-тина дена ја чув, ама не со својот,туку со гласот на колегата! Се јавив во агенцијата и прашав како е можно нешто кое јас сум го сработил друг да го преработува?! Ми кажаа дека една тв одбила со мене, мојот глас да емитува реклама!
Е мој драг колега, велиш дека ЦРПКО подпишал! А што подпишал? Дали знаеш? дали знаеш и дека твојот љубен идол исто така подпишал, дека прифатил сѐ што му побарале? Не знам ни јас, само ги слушам ДУИ на тв. Кавгата избила околу СЈО. А знаеш ли зошто? Затоа што до гуша е во измет. А дали и ти драг мој колега не си негов соучесник? Дали и ти не си каснал малку од големиот колач. Да, си каснал, ама едно мааалоооо парче, а твојот идол по цели торти краде и ги носи надвор.
Ти повикуваш на војна, друга наша……. бара гумени куршуми, третиот морал да одработува за нив бидејки тие му давале плата, четвртиот заради презадолженоста во внатрешноста бега од таму, доаѓа во Скопје и види богати, станува пратеник.
Јас драг мој колега, од 2012-та, поточно после 24.12. губам секој месец по 1.000 евра. Да, да, не се чуди. Кога твојот идол, со кого дури бевме и рпијатели, дозна дека сум против него даде забрана за мое учество на било кое јавно место. Ми ги одзедоа сериите кои, меѓудругото заедно ги работевме, 2009 од МРТВ ми се заблагодарија како неслушан радиоводител, истото ми го стори и Радио Слободна Македонија после ноќната кога го запукав Тодоров по повод смртта на Тамара. Да бе колега, не се сеќавам дека и ти и погоре наредените се пројавивте со сочувствителни мисли за дете, ееееееј дете почина за само 30.000 евра. Ебати државата. а сигурен сум да се соберевте вие три-четворица можевте да и ги обезбедите тие пари.
И ако забележуваш ТВОЈОТ ИДОЛ во ниеден момент не го нареков ЦРПКА.
Имај на ум драг колега дека го навлече гневот на многумина и верувај ми, а ќе се потрудам, ќе останеш без работа оти кај нас така стојат работите, најбирократски. Не ти го посакувам тебе она што ти и твоите ми го направивте мене.

Фејсбук статус на актерот Марин Бабиќ