ФЕСТИВАЛ „ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА 30“ 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ 21.08.-5.09.2021, ПРИЛЕП И КРУШЕВО

0
1131

@srekna30 @среќна30 #celoekogaseima30 #целоекогасеима30 #30годининезависност #30godininezavisnost #vladanarsm #владанарсм #teatarcin4scena5 #театарчин4сцена5 #македонка #makedonka „Цело е кога се има 30“ тематски е осмислен како серија од настани, коишто преку своите идејни решенија и планирани продукциски активности има за цел да го претстави континуитетот и трајноста на современа македонска уметност, литература и култура.

Модерниот и креативниот пристап во осмислувањето на предложените активности ја допираат не само промоцијата, туку и реактуализација (нови естетски доживувања) на поезијата, музиката, танцот и театарот создавани од 1945 година до денес.

Главната цел на проектот и вклучените настани е модерната анализа и мултимедијалниот пристап во работата со клучните дела и автори од македонската современа литература, музика и уметност со цел да се претстават, не само како значајни за развојот и видливоста на македонската култура и идентитет, туку и како материја која со помош на современи техники може да биде атрактивна и за најмладите граѓани. Процес, којшто со сигурност ќе има влијание врз реактуализацијата на авторите и делата и нивна понатамошна врежаност во колективната меморија на населението.

Дигитализацијата на културните настани е пракса која не е вообичаена не само во Регионот, туку и во државата, поради што како една од целите е поставена целосна дигитализација на настаните, како и изработка на заклучен краен документарен филм. Ангажирајќи креативни лица од Пелагонискиот регион истрајно и континуирано ја поддржуваме независната културна сцена, го зајакнуваме местото на Прилеп во културната мапа на регионот, како и влијаеме врз процесот на децентрализација на културата во државата. Помеѓу авторите кои послужија како тематска инспирација во креирањето на настаните се вбројуваат Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Богумил Ѓузел, Томе Арсовски, Никола Мартиновски, Тодор Скаловски и др.

Настаните ќе се одржат во Прилеп, на сцените на Домот за култура Марко Цепенков, Народниот театар Војдан Чернодрински и пред Саат-кулата, како и во Крушево, односно Музејот на НОБ и платото пред споменикот Македониум. 1. Концертна промоција на албумот Апокриф на Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ Дуо (Прилеп и Крушево). 2. Концерт и промоција на албум на музичката група The Hounds (прва концертна изведба). 3. Концерт на македонски блуз и диско композиции од 90те години на минатиот век, со музичката група The Dreamers. 4. Диџејски сет на Mitrik & Samardjiski [roomania]. 5. Танцов театар „Парадоксот на Диоген“ по романот на Томе Арсовски, музика Тодор Скаловски со X Squared Dance Collective (Ludon DC) (премиера во Прилеп и Крушево). 6. Поетска вариете-вечер инспирирана од основоположниците на македонската современа поезија со Трпче, Димитар Ѓорѓиески, Исидор Јованоски, Даниела Иваноста и Методија Костоски (премиера). 7. Театарска претстава Мендо и Мајло според текст на Мирјана Селчанец, во режија на Игор Трпчески, Театарска Работилница Прилеп (Прилеп и Крушево). 8. Младински радио-фестивал во соработка со #teentopiashow и Радио Пела (радио-емисија-фестивал под Саатот). 9. Креативна стрип-работилница и изложба за младиници Украсуваме Македонска Поезија со Јулијана Талеска. 10. Мултимедијална изложба на тема Убавината на 30-те (Јавен повик). 11. Креативна работилница и изложба за млади Интерпретации на делата на Никола Мартиновски со Емил Солески (Крушево).

Придружна програма во Прилеп: 2 тематски градски игранки. Претстава на Театар Чин 4 Сцена 5. Музички перформанс на Зарина Првасевда За успешна реализација на предложениот проект ангажирани вкупно 30ина артисти/изведувачи кои со своето досегашно присуство на македонската уметничка сцена го потврдиле своето значајно место, а дел од нив имаат огромно влијание за развојот на културата и уметноста на локално ново, односно Пелагонискиот Регион и Крушево.

Предложените артисти/изведувачи се одбрани и поканети да учествуваат во реализацијата на предложениот проект, не само поради нивната позиција во уметничкиот свет, туку и поради нивната несомнена креативност и отвореност во креирањето на нови изрази, атрактивни за пошироката публика, со неоспорен постојан квалитет во понудените содржини.