ФЕНОМЕНАЛНА СТОРИЈА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Детален портрет на Мира Турбо Дизел!

0
1839

Трнлив е патот до славата. Моментот на слава. Велат, непроценливо задоволство. Многу луѓе кои го посакуваат тешко работат и никогаш нема да го доживеат. Други пак ги мавнува неочекувано по глава од нигде никаде (што не значи дека не сработиле за да го доживеат).

Фросина Митрушева

Мира Стојчевска…

Тотален анонимус  чие име за прв пат во  јавноста се појави во ноември 2016, на деветтото место на листата на кандидати за пратеници  на СДСМ во третата изборна единица. Никој не го ни забележа тоа име на списокот, освен нејзините сограѓани од малото, живописно Делчево. Затоа што сите се знаат во малите места. Не верувам дека и тие очекувале дека Мира, од скромното деветто место ќе скокне директно во пратеничкото столче. Но, бидна и тоа и делчевци добија свој народен избраник во Собранието.

Тивка и незабележана остана пратеничката Мира до мај 2018 кога реши да ги одбрани интересите на своето гласачко тело и како член на комисијата за Финансирање и буџет при Собранието цврсто застана против предлогот на опозицијата да се укине акцизата на дизелот од три денари по литар.

Тогаш Мира ја изрече својата историска изјава со која се качи на крилјата на славата:

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил.“

Веројатно,  податокот со кој аргументираше Мира е добиен со анализа на состојбите во нејзиното сиромашно Делчево кое официјално брои околу 11000 жители, а неофицијално, иселувањето заради сиромаштија ја десеткувало таа бројка. Така да, аргументот на Мира како одличен познавач на сиромаштијата може да се земе како релевантен.

Линк до сторија, ОВДЕ.