ФАТЕНИ ЖИВИ КАКО ЈА ДОГОВАРААТ ПОВТОРНАТА АМНЕСТИЈА: Екс-безбедњакот на Иванов вечерва на средби со претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во тетовскиот клуб „Фретели“

0
1949
Синиша Алексоски во „Фретели“ на советување со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИИмајќи ја предвид „кариерата“ на Алексоски, може многу лесно да се претпостави дека неговите ноќни средби се поврзани и со најавите на ДУИ дека „ќе се консултира со странски експерти“ за иницијативата на СДСМ за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. Како што е познато, по три години, јавноста беше шокирана со ненадејната иницијатива на петте уставни судии да ја поништат одлуката на Иванов да ја повлече својата аболиција на осомничените високи функционери на режимот на Груевски во 2016 година.

Можеби токму Алексоски е тој „странски експерт“, па вечерва е на „советувањето“ во тетовскиот клуб „Фретели“, инаку познат како собиралиште на функционери на поранешните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Да се потсетиме. Синиша Алексоски ќе остане запаметен како човекот кој беше посочен како еден од организаторите на крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Покрај Алексоски, како организатор беше посочен и Борис Јосифовски, генерален секретар во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, според сведочењето на своевремено обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.

Како што откри Нинџа во текот на судењето минатата година, од кабинетот на Иванов во тоа време пристигнала и информацијата дека ќе биде прогласена воена состојба.

Синиша Алексоски е познат и по тоа што е еден од организаторите на „Бојкотирам“, а е извонредно активен и на социјалните мрежи под голем број псевдоними, меѓу кои и Докторот, Самурај, Агло, Јосип Броз Тито, Самсингчен, а го администрира и корисничкото име Бојкотирам.

Во кабинетот на Иванов доаѓа по ургенција на сопругата на Иванов, од полицаец во составот на полициската единица „Алфи“ на позицијата експерт за меѓународна безбедност.