ФАЛА МУ НА ГОСПОД ЕДНАШ ДА ДОНЕСАТ ИСПРАВНА ОДЛУКА – СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДЕКА КУРТОН ПОРТАЛИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

0
1374

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Соопштение до средствата за јавно информирање

Одлуки на Советот за етика во медиумите по жалбите на Кабинетот на МНР

МНР до Советот за етика во медиумите на 8 мај 2019 година поднесе жалби кои се однесуваат на тенденциозен и невистинит текст, првично објавен на веб порталот „Магазин.мк”. Текстови со слична содржина беа објавени и на порталите: „Република”, „Скопје24”, „Денешен весник”, „Лидер”, „Македонија Вести” и „Маркукуле”. По жалбите поднесени до Советот за етика во медиумите, на 29 мај 2019 година, беше донесена одлука дека порталот „Магазин.мк” го прекршил Кодексот на новинари во членовите 1 и 13, додека „Република”, „Денешен весник”, „Лидер”, „Македонија Вести” и „Маркукуле” го прекршиле Кодексот во членот 1. За поздравување е фактот што порталот „Скопје24”, пред одлуката на Советот, објави јавно извинување кое ние го прифаќаме. За жал, ниеден од другите портали не го направи тоа. Секое понатамошно извинување на темата, по објавата на одлуката на Советот, нема да биде прифатено од наша страна. 

Во наодите на Советот, меѓу другото, стои: 

·         „Наместо факти и проверени информации, текстот изобилува со сомнителни тврдења, субјективни мислења и тенденциозни обиди за политичка дискредитација на министерот Димитров”. 

·         „Новинарот отстапил од основното новинарско правило да побара став од сите засегнати страни.”

·         „Во текстот авторот неретко се јавува како коментатор и не прави суштинска разлика меѓу фактите и мислењата.”

·         „Новинарите имаат право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смеат сопственото мислење да го камуфлираат како факти. Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот за да се избегне дезинформирање и манипулирање со публиката.“

Суштинска заложба на Министерството за надворешни работи беше и ќе продолжи да биде подобрувањето на состојбите во сферата на медиумските слободи, справувањето со феноменот на лажни вести и справувањето со говорот на омраза. Воедно, медиумите имаат обврска кон јавноста за фер и објективно известување, што директно ќе влијае на градење добро и прецизно информирано општество.

На линкот можете да ги прочитате заклучоците на Советот за етика во медиумите: http://semm.mk/komisija-za-zalbi/arhiva-odluki-i-mislenja 

Скопје, 10 јуни 2019 година