Фактор: Разрешен началникот на ГШ Горанчо Котески!

0
865

Порталот Фактор се повика на извори според кои Горанчо Котески е разрешен од функцијата началник .

timthumb-11-540x270

Според информациите на Фактор во игра се двајца негови наследници.

Засега не се откриваат повеќе детали и јавноста не е запознаена со смената на началникот, бидејќи се уште трае состанокот.

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, веќе цела година имаше нелегитимен началник, бидејќи беше истечен мандатот на началникот, а надлежните молчеа по ова прашање.

Котески на функцијата беше именуван на 18 август 2011 година, а тој ден го наследи генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Токму Стојановски шест години беше генерал на ГШ.

Имено, денеска се одржа свеченост по повод на Денот на АРМ , 18 август и 23  години постоење.

Началникот на ГШ на АРМ Котески се обрати на свеченоста и истакна дека ќе предложи со децентрализацијата на финансиските средства од Армијата кон потчинетите команди и единици, како и измени на Законот за јавни набавки.

Тој смета дека ова е потребно да се направи затоа што во одреден момент може да се доведе во прашање ефикасното извршување на задачите на армијата во мир или војна.

Котевски дел од говорот посвети и на модернизацијата на Армијата и најави нов план кој го нарече како императив кој мора да се направи во интерес на одбраната и безбедноста на нашата земја.

извор: Фактор